Либан бара помош од меѓународната заедница за сириските бегалци на својата територија

Од:

Либанската влада, поделена во односот кон сирискиот конфликт, одлучи да побара помош од арапските и пријателски земји за да го олесни финансискиот товар од прифаќањето на 125.000 сириски бегалци на своја територија, пренесоа француските медиуми.

На своето синоќешно заседание либанската влада донесе серија мерки за помагање на сириските бегалци.

Кабинетот одлучи да „ги повика земјите донатори на Либан да му ги дадат ветените финансиски средства и да почнат дипломатска кампања за поттикнување на арапските и пријателски земји со Либан да го споделат товарот во финансиска и логистичка смисла“, се посочува во коминике по седницата на владата.

Либан, кој триесет години се наоѓаше под политичка и воена доминација на Дамаск, и натаму е длабоко поделен во однос на сириската криза. Овие разлики се појавија и синоќа на седницата на владата.

Некои министри инсистираа на затворање на границата со аргументот дека бегалскиот бран негативно се одразува врз економијата и кревката политичка ситуација во Либан. Тој предлог решително беше отфрлен од другите нивни колеги.

Либанската влада, во која доминира шиитската партија Хезболах и нејзините просириски сојузници, постојано повикува на „разграничување“ од сириската криза, за земјата уште повеќе да не се раздели и за да се избегне префрлање на конфликтот на либанска територија, забележаа агенциите.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан