Летонската министерка за внатрешни работи поднесе оставка заради односот на полицијата на Денот на победата

Од:

Летонската министерка за внатрешни работи Марија Голубева денеска поднесе оставка на функцијата под притисок на владејачката коалиција, која ја критикуваше полицијата дека не им забранила на луѓето што зборуваат руски јазик да го прослават Денот на победата во Втората светска војна, на 9 мај.

Летонската полиција употреби сила за да ги растера стотиците насобрани лица во главниот град Рига, а кои главно зборуваат руски јазик, поради непочитување на законот што недомана беше донесен а со кој се забрануваат собири пред споменикот со кој се велича советската победа, јавуваат британските медиуми.

Министерката Голубева денеска кажа дека веќе не ја ужива поддршката од премиерот, пред се, откако коалицискиот партнер и се закани со барање оставка во знак на протест поради одлуката на полицијата да дозволи мирни собири на 9 мај, денот кога Русија го слави Денот на победата во Втората светска војна.

-Што тоа говори за издржливоста на Летонија, доколку незначителен собир од само неколку стотици луѓе, кои два часа стојат во место, може да ја размрда владата, рече тогаш Голубева.

Премиерот Крисјанис Каринс, кој се уште не ја искоментира оставката на Голубева, претходно изјави дека на митинзите не се почитуваше државноста на Летонија и споменот на жртвите од рускиот напад на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Летонија го доби првиот геј претседател

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели

Одземена лиценцата за работа на независната руска телевизија „Дожд“ во Летонија

А1он