Летонија ја продолжи вонредната состојба на границата со Белорусија

Од:

Летонија ја продолжи вонредната состојба на границата со Белорусија, јави ДПА. Агенцијата забележува дека ова се случува во услови на наплив на мигранти во земјата. Многумина веруваат дека мигрантската криза е намерно предизвикана од властите во Минск, кои сакаат да се одмаздат за санкциите што им ги воведе Европската унија.

Владата ја продолжи вонредната состојба во Летонија до 10 февруари следната година. Како и досега, таа е во сила во четири окрузи на југот на земјата погодени од илегалната имиграција. На граничарите таму ќе им биде дозволено да ги вратат мигрантите кои илегално влегле во Летонија од Белорусија.

Вонредната состојба таму беше воведена на 11 август за период од три месеци. Оттогаш, речиси 1.800 мигранти се запрени додека се обидувале илегално да ја преминат границата, според Министерството за внатрешни работи. Владите на Летонија, Литванија и Полска го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека намерно го организирал протокот на мигранти од земјите погодени од криза до надворешните граници на ЕУ.

Летонија одговори со засилување на граничната служба и со изградба на ѕид долг стотици километри долж границата. Спирали од бодликава жица сега се поставуваат во различни сектори на границата. Опреацијата треба да заврши кон средината на следниот месец, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов