Летонија ги забрани сите ТВ канали со седиште во Русија

Од:

Од среда ќе биде забрането емитување на сите руски телевизиски канали во Летонија, објави денеска националниот регулатор за радиодифузија.

dobivaj vesti na viber

Од руската анексија на црноморскиот полуостров Крим во 2014 година, Летонскиот Национален комитет за електронски медиуми (NEPLP) веќе забрани емитување на неколку големи руски ТВ канали во балтичката земја, наведувајќи дека поттикнуваат војна, агресивна пропаганда против Украина и нејзините граѓани и закана за безбедноста на Летонија.

Новата одлука се однесува на околу 80 специјализирани канали или канали од ограничен интерес со потекло од Русија, кои сè уште се достапни во Летонија, главно преку одредени кабелски оператори.

„Одлуката ја донесовме по неодамнешните измени на Законот за електронски медиуми, со кои се бара на телевизиски или радио станици регистрирани во земја која агресивно го загрозува територијалниот интегритет и независност на друга земја да не им биде дозволено да работат во Летонија“, се вели во соопштението.

Се додава дека одлуката ќе остане во сила сè додека Русија не ја запре војната во Украина и не се повлече од украинска територија, вклучувајќи го и Крим.

NEPLP му даде дозвола за емитување на поранешниот руски опозициски телевизиски канал Дојжд, кој престана со работа во Москва на почетокот на март и чиј персонал се пресели во Летонија. Каналот официјално ќе почне да емитува од Летонија на 9 јуни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Дали Русија ја користи Србија да поттикне конфликт на Балканот

Ана Ололовска

Чешка како претседавач со ЕУ ќе предложи укинување на визите за Русите на ниво на Унијата

Ана Ололовска

Куќен притвор за руската новинарка која се противи на инвазијата во Украина

Русија и Турција постигнаа договор за плаќање на гасот во рубљи

Уцената на Калуш Оркестра за „чистка“ на сцената од Руси не успеа, нема да настапат на фестивалот

ВИДЕО: Пожар избувна во воена база во близина на Москва, објавена е снимка

Ана Ололовска