Летонија: Американското воено присуство во нашата земја треба да биде постојано

Од:

Летонискиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс изјави дека по рускиот напад врз Украина, американското воено присуство во Летонија треба да биде постојано.

Ринкевичс, кој се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен во рамките на неговата турнеја низ балтичките земји, на заедничка прес-конференција изјави дека не верува оти Русија ќе ја промени својата политика.

– Врз основа на неодамнешните настани, го поздравуваме континуираното присуство на американските сили во Летонија, рече Ринкевичс.

Истакнувајќи дека балтичките земји треба дополнително да го зајакнат својот крајбрежен одбранбен систем по рускиот напад врз Украина, Ринкевичс рече дека „неодговорните напади на Русија врз Украина уште еднаш докажаа дека тоа претставува долгорочна закана за безбедноста на Европа“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана