Лекувањето на пациент заразен со Ковид-19 во Кина чини меѓу 3.200 и 140.000 долари

Од:

Кинеската Влада трошела во просек околу 23.000 јуани (околу 3.200 американски долари) за лекување на пациент од коронавирус со пневмонија, се наведува во „Белата книга“ што денеска ја објави кинескиот Државен совет под наслов „Борба против Ковид-19: Кинеска акција“.

„До 31 мај медицинските сметки за 58.000 пациенти со потврдена дијагноза се покриени од нивното основно здравствено осигурување. Вкупната цена за тоа изнесува 1,35 милијарди јуани или 23.000 јуани по лице“, се вели во документот на Државниот совет.

„Просечната цена на лекување на сериозно болен пациент надминува 150.000 јуани (околу 21.200 американски долари). Во некои критични случаи, трошокот надминува милион јуани ( околу 141.000 долари). Сите тие беа покриени од државата”, пресметале здравствени власти.

Владата досега издвои речиси 23 милијарди американски долари за лекување и превенција на болеста, како и други мерки за борба против епидемијата.

„Белата книга“ за третманот на коронавирусот детално ги опишува дејствата што кинеската Влада ги презела во борбата против епидемијата од 27 декември 2019 година до крајот на мај оваа година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката