Лекари без граници се повлекуваат од Сирија

Од:

Лекари без граници денеска одлучија да прекинат голем дел од активностите во североисточна Сирија и да го евакуираат персоналот поради турската воена операција во областа.

Хуманитарната организација соопшти дека е принудена да ги напушти градовите Аин Иса и Ал-Хол поради исклучително насилната ситуација, како и прифатниот центар во кој се сместени илјадници жени и деца, членови на семејства на припадници на Исламска држава.

Во соопштението се наведува дека поради „многу непредвидлива и променлива состојба“ невозможно е хуманитарната организација да обезбеди безбеден пристап за да овозможи медицинска и хуманитарна помош на загрозените.

Лекари без граници наведуваат дека поради борбите на различните групи, тие веќе не можат да ја гарантираат безбедноста на нивниот персонал од Сирија и други земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети