Лејди Гага го поддржа Џо Бајден: Гласам за Америка!

Од:

На последниот ден од предизборната кампања во САД, кандидатот за претседател од Демократската партија, Џо Бајден беше поддржан од пеачката Лејди Гага.

Двајцата се состанаа со гласачите во Питсбург, Пенсилванија.

Зборувајќи пред младите, Бајден рече дека тие се навистина извонредна генерација и истакна дека гласот на младите ќе биде клучен на сегашните избори. „Јас сметам на вас“, им порача Бајден на студентите.

Лејди Гага рече дека е многу возбудена што има можност да присуствува на ваков настан и им се заблагодари на присутните за поддршката на Бајден.

Следуваше митинг во Питсбург, на кој приврзаниците на кандидатот беа во автомобили. Пред нив, тој предвиде убедлива изборна победа, а потоа Лејди Гага пееше и ги повика гласачите „да гласаат како да зависат нивните животи од тоа“.

На последниот ден од изборите, Бајден имаше четири митинзи во Охајо и Пенсилванија.

Кандидатот за потпретседател на САД од демократите, Камала Харис ги повика гласачите да „дејствуваат“ за време на митингот во Филаделфија, на кој пееше Џон Леџенд.

Настанот беше пренесуван во живо од учесниците на митингот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави снимка на која Далај Лама непримерно ја фаќа Лејди Гага

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

Уапсени бандитите кои пукаа во шетачот на кучињата на Лејди Гага, се товарат за обид за убиство

Жарко Настоски

Шетачот на кучињата на Лејди Гага тешко ранет од разбојници

Ана Ололовска

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Бандити стрелаат во човекот што ги шетал кучињата на Лејди Гага

Жарко Настоски

Разбојници ги украле кучињата на Лејди Гага, го застрелале шетачот со четири куршуми

Жарко Настоски