Ле Пен: ЕУ е монструм, треба да се укине

Од:

Француската десничарка Мариа Ле Пен, чија што партија победи на европските избори, во интервју за германски „Шпигел“ се изјасни против ЕУ и рече дека „сака да го спречи тој антидемократски монструм да продолжи да дише“.

-Европската унија е едно големо проклетство, антидемократски монструм. Сакам да го спречам нејзиното проширување и дишење – рече Ле Пен.

Во врска со изјавата на Пен, германскиот печат коментира дека на медиумите не им е лесно да работат со екстремисти, бидејќи од една страна е важно да ги дознаат нивните намери, а од друга никој не сака да биде критикуван што пренесува содржини кои етички е тешко да се застапуваат.

-Оној кој се уште не добил јасна претстава за Националниот фронт на Ле Пен, сега ја има, бидејќи таа јасно вели дека не сака ништо друго освен уништување на ЕУ-пишуваат германските медиуми, за изјавите на француската десничарка.

Таа смета дека ЕУ на државите членки им го одзела суверенитетот и со воведување на еврото ги турнала во криза, која не може да се реши.

Ле Пен ја предупреди и германската канцеларка Ангела Меркел за опасност од експлозија на ЕУ и можна омраза кон Германија, доколку Берлин продолжи со политиката за штедење.

-Доколку таа не го забележи страдањата со кои се погодени останатите европски народи, ќе навлече омраза во Германија- рече Пен и додаде дека Меркел ја брани политиката која што е поволна за Германија, но е штетна за останатите држави.

-Јас им префрлам на нашите сопствени лидери, кои не ги застапуваат нашите интереси. Силното евро ја руинира нашата држава- рече оваа десничарка кој ги брани своите симпатии кон Русија во украината криза.

Меѓу другото таа истакна дека му се воодушевува на рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи тој на прво место ги става интересите на Русија, исто како и канцеларката Меркел.

-Врз основа на тоа имам голема почит кон Путин, но и кон Меркел -рече Ле Пен.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили