Ле Мер: Олеснувањето на анти-ковид мерките во Франција е можно на 15 мај

Од:

Во интервју за БФМТВ, францускиот министер за економија Бруно Ле Мер беше претпазлив околу датумот за олеснување на анти-ковди мерките, односно отворањето на продавниците и другите активности, навестувајќи ја средината на мај како некаков можен тајминг, што беше кажан од Емануел Макрон во неговиот последен говор.

-Нема да дадам временски распоред, повтори францускиот министер за економија, додавајќи дека 15 мај „е една од претпоставките“. Според тоа, „хипотеза“ во оваа фаза, која може да се промени во зависност од здравствената состојба, рече тој.

Голем број фактори мора да бидат земени во предвид за да се подготват за следните недели: „подготовката за повторно отворање значи прво да гледате во календарот, да разгледувате различни активности – ресторан со тераса не е исто со затворен ресторан, хотел, бар – и погледнете ги здравствените протоколи кои го придружуваат повторното отворање за да тоа биде успешно“ , наведе министерот.

Бруно Ле Мер уште еднаш повтори дека помошта за професионалци ќе се одржува „се додека постојат здравствени ограничувања“, за да се избегнат банкроти. Потоа, тие постепено ќе се повлекуваат, како што укажа Оливие Дисопт министерот за финансии во интервју за „Фигаро“.

Доколку датумот 15 мај се потврди, на пример, министерот се залага целата помош што е предвидена за рестораните во мај, да остане и таа ќе се намалува во следните месеци.

Министертсвото за економија исто така ја следи „исклучително внимателно“ еволуцијата на долгот на претптијатијата и ќе стори „максимум“ за да избегне банкрот. Ширењето на долгот или откажувањето на дел од долгот се меѓу проучуваните хипотези. За неколку недели треба да се претстави „систем за консултации и помирување“ за да се овозможат понудени „по мерка“ решенија на компаниите кои се соочуваат со „ѕид на долгови“.

Франција ќе мора да вложи напори, откако здравствената и економската криза навистина ќе завршат, да ги врати своите јавни финансии, рече министерот. Приврзан за повеќегодишното правило, Ле Мер сака износот на трошоците да се утврдува на почетокот на секој петгодишен мандат и тимот што е на власт да го почитува тоа, „освен за исклучителни настани или кризи“.

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години