Ле Дриен: Раскинувањето на договорот за подморниците е сериозна криза во односите

Од:

Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриен синоќа како сериозна криза го оцени раскинувањето на австралискиот договор за набавка на подморници од неговата земја, што, наводно, е дел од новото стратешко партнерство САД-Обединетото Кралство-Австралија.

Тој за француските медиуми раскинувањето на договорот го оцени како „лага, лицемерие и презир“ кон сојузниците на Франција.

Запрашан за враќањето на консултации во Париз на француските амбасадори од Канбера и Вашингтон, Ле Дриан рече дека тоа е „сериозна криза“ и додаде дека не било неопходно на консултациите да се повика и амбасадорот во Лондон.

-Ние го знаеме нивниот (британски) постојан опортунизам, иронично рече францускиот министер неколку месеци откако Велика Британија се повлече од членството во Европската унија (ЕУ).

САД, Велика Британија и Австралија неодамна објавија ново стратешко партнерство во Азиско-пацифичкиот регион, што значеше раскинување на договорот за испорака на француски подморници во Австралија.

Договорот, кој беше потпишан во 2016 година и вклучуваше купување на 12 подморници, а беше во вредност од 56 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии