Лажeн говор на Путин емитуван на руско радио: „Украинците ја минаа границата, тие се посилни“

Од:

Во регионите на Ростов, Белгород и Воронеж во Русија, локалното радио емитуваше лажно обраќање на рускиот претседател Владимир Путин во кое ги повикува Русите да се евакуираат во внатрешноста на земјата поради нападот на украинската армија и најави општа мобилизација. Локалните власти и Кремљ објавија дека се работи за лажен говор.

„Руси, сограѓани, браќа и сестри. Денеска во четири часот, украински војници, вооружени од НАТО блокот, со договор и со поддршка на Вашингтон, извршија инвазија на регионите Курск, Белгород и Брјанск. Нашите граничари и вооружените сили храбро возврати на супериорните сили на агресорите. По моја наредба беше воведена воена состојба во регионите Курск, Белгород и Брјанск. Денеска ќе ја потпишам наредбата за општа мобилизација, мора да ги обединиме сите сили на Руската Федерација за да го победиме опасниот и лукав непријател“, беше пренесено во лажниот говор на Путин.

Беше емитуван и тон во кој жителите на регионите Курск, Белгород и Брјанск се повикани да се евакуираат.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави дека радио станицата е хакирана. Тој вели и дека е вратена контролата врз емитувањето. Властите во регионите сметаат дека целта на лажната адреса била да се шири паника.

Би можело да ве интересира

Америка блиску до историска одлука за Украина, ова може да го промени текот на војната

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите