Лавров: Војната може да заврши кога Америка ќе ги напушти сојузниците како во Авганистан

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека војната во Украина може да заврши „кога Америка ќе ги напушти своите сојузници, исто како што направи во Авганистан“.

Како што јави руската режимска новинска агенција Тас, Лавров ова го изјави во интервју за ТВ каналот Царград. Шефот на руската дипломатија рече дека САД „ги напуштија авганистанските лидери на кои се потпираа за време на 20-годишната окупација на таа земја“.

„Се надевам дека современите политичари обрнуваат внимание на историјата. Политиколозите пишуваат многу за тоа. Тие предвидуваат дека ова ќе трае се додека им требаат на Американците. Овие луѓе (владата во Киев, оп.а.) ќе бидат на власт се додека на Америка и требаат, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија има информации за можни напади на „Турски тек“ и „Син тек“

Лавров: Мировните иницијативи за Украина се тактички трик на Западот за купување време

Лавров му се закани на Западот: Ризикувате војна на нуклеарните сили

Катерина Ѓуровски

Лавров: Воените авиони Ф-16 испорачани на Украина ќе се сметаат за „нуклеарна“ закана

Горан Наумовски

Лавров: Лажни се информациите за мировните преговори за Украина во јули

Лавров по бунтот: Благодарам на Западот што се грижи, ама нема потреба