Меѓу сириската опозиција доминираат екстремистички ставови, изјави денеска, по повод ситуацијата во Сирија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесоа руските медиуми.
Според Лавров, овие екстремисти „акцентот го ставаат врз военото решение на сирискиот проблем и ги блокираат иницијативите што водат кон дијалог“.
-Ситуацијата во Сирија останува сложена, се уште се пролева крв. Пред неколку дена ни се чинеше дека страните се подготвени за дијалог без претходни услови, но следеа деманти на изјавите во овој дух. Во оваа етапа надмоќта ја презедоа екстремистите, забележа рускиот министер.
-Меѓутоа, не креваме раце, продолжи тој.
– Природно не можеме да го решиме проблемот место самите Сиријци, но во своите контакти со надворешни играчи ја чувствуваме нараснатата загриженост, нараснатото разбирање, (дека треба) да се влијае и врз владата, и врз опозицијата.
Целта е „владата и особено опозицијата да бидат убедени да не поставуваат нереалистички барања како претходните услови за почнување на дијалог, прецизира Лавров. „За тоа денеска во Берлин ќе говориме со државниот секретар на САД, Џон Кери“, додаде тој.
Рускиот министер соопшти дека со Кери ќе ја разгледа „можноста да почнат меѓусириски преговори“.
Според Лавров претходните негови разговори со Кери покажале дека американскиот државник „ја сфати оваа стратегија“.