Лавров: Вашингтон и Пјонгјанг не можат сами да го решат корејското прашање

Од:

САД и Северна Кореја веројатно не ќе можат сами да го решат прашањето на Корејскиот Полуостров, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Според него, вреди да се поддржи дијалогот меѓу лидерите на САД и Северна Кореја, бидејќи е многу важно да се решат прашањата помеѓу овие две земји, вклучително и она за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

– Меѓутоа, јасно е дека тие прашања во целина не можат да се решат на билатерален начин, нагласи Лавров, осврнувајќи се на вчерашната средба на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур,

Трамп и Ким по средбата потпишаа заедничко соопштение со кое Северна Кореја се обврза дека ќе изврши денуклеаризација на Корејскиот Полуостров во замена за ветување од САД дека ќе и пружи безбедносни гаранции.

Би можело да ве интересира

Лавров: Потребни се мерки за запирање на прогонот на христијаните од Блискиот Исток и северот на Африка

Ана Ололовска

Во Русија се урна мал авион, двајца загинати

Ана Ололовска

Климатските трошоци во САД можат да им помогнат на руралните заедници да ја прифатат зелената агенда

Ана Ололовска

Бајден одобри 100 милиони долари од Фондот за итни случаи за авганистанските бегалци

Ана Ололовска

Петгодишно момче од САД почина од Ковид-19, родителите мислеле дека има труење со храна

Жарко Настоски

САД купиле уште 200 милиони дози од вакцината на Фајзер

Жарко Настоски