Лавров: Убиството на Сулејмани е кршење на меѓународното право

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во телефонски разговор со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека убиството на иранскиот командант Касем Сулејмани претставува кршење на меѓународното право,соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението, Лавров и Помпео разговарале за ситуацијата во врска со убиството на Сулејмани за време на воздушниот напад на американските војници на аеродромот во Багдад.

– Лавров истакна дека намерните постапки на земја-членка на ОН, насочени кон ликвидација на службеник на друга земја-членка на ОН, особено на територијата на трета суверена држава, без претходно известување, е грубо кршење на принципите на меѓународното право и дека тоа треба да се осуди, се наведува во соопштението на руското Министерство.

Лавров го повика Вашингтон да стави крај на „нелегалните насилни тактики“ и да ги решава проблемите на преговарачка маса.

– Рускиот министер истакна дека овој потег на САД е со сериозни последици за мирот и безбедноста во регионот и дека не помага во напорите да се изнајдат решенија за тешките прашања што се насобрале на Блискиот исток. Напротив, тоа води до нов бран на ескалација, се додава во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски

Лавров: Предлогот на Кина за прекин на војната во Украина е најразумен досега

Горан Наумовски

Лавров: Прашањето кој му припаѓаат Крим и Севастопол е засекогаш затворено

Горан Наумовски

Лавров: Западот всушност веќе води војна против Русија

Лавров: САД водат директна војна против Русија

Лавров за кризата Израел-Газа се залага за решение со две држави

Горан Наумовски