Лавров: Турција постојано нарушува воздушни пространства, па не се случиле инциденти како вчерашниот

Од:

Турција постојано ги нарушува воздушните пространства над Сирија и Грција, но не се случуваат никакви инциденти како вчерашниот со Су-24, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во Турција треба да се направат напори такви напади да бидат целосно недозволени, нагласи министерот.

– Во разговорот денеска со турскиот министер слушнав жалење, сочувство, но се останато беше кон оправдување на турскиот став. Фактите кои јас ги посочив, и за односот на Турција кон непочитувањето на воздушното пространство од страна на нејзини авиони на истата таа Сирија и за тоа дека турски авиони во реонот на Егејско Море навлегуваат во воздушното пространство на Грција по 1,5 илјади пати во годината и Грција постојано протестира за тоа. Но, без резултати, вели Лавров.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Су-24 се наоѓал над сириска територија и не го нарушил воздушното пространство над Турција.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он