Лавров се сретна со Коно

Од:

Русија и Јапонија се договорија да ги продолжат разговорите за конечно постигнување мировен договор после Втората светска војна, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата во Токио со шефот на јапонската дипломатија Таро Коно.

– Во врска со мировниот договор, ревносно ги извршуваме задачите кои ги зададоа претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Јапонија Шинѕо Абе. Значајно ги интензивиравме контактите меѓу министрите за надворешни работи и замениците министри. Денеска се договоривме за нови состаноци во врска со мировниот договор, рече Лавров.

Тој истакна дека интензивирањето на преговорите не значи дека двете држави ги доближиле ставовите.

– Постојат уште многу проблеми. Меѓутоа, се договоривме да не откриваме детали од преговорите, рече Лавров.

Тој исто така информира дека на состанокот со Коно е договорена и средба меѓу Путин и Абе на маргините на самитот на Г20 во Осака, на 29 јуни.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски