Лавров: Русија не се откажува од Северен тек 2 и покрај американските санкции

Од:

Русија нема намера да се откаже од проектите „Северен тек 2“ и „Турски тек“ и покрај санкциите на САД, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој додаде дека Москва планира да одговори на овој потег на Вашингтон, пренесува Бета.

Во петокот американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој ќе се воведат санкции за компаниите што градат гасовод за руски природен гас кон Германија. Предлог-законот го усвои Претставничкиот дом на САД минатата недела и Сенатот во вторникот.

Гасоводот Северен тек 2, вреден речиси 11 милијарди американски долари, се гради во Балтичкото Море и има за цел да ја удвои испорака на рускиот природен гас во Германија.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка