Лавров: Русија на Арктикот не претставува закана за никој

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија со своите активности на Арктикот никого не загрозува, туку само ја осигурува сопствената национална безбедност.

– Не работиме ништо, освен што ја чуваме безбедноста на нашата земја, рече Лавров на меѓународниот форум за Арктикот во Санкт Петербург.

Тој нагласи дека целта на сите нивни активности на Арктикот се исти како и во кој било руски регион. Со нивното однесување, никој не е загрозен и оти Русите само сакаат да ја осигураат одбранбената моќ на земјата.

Лавров истакна дека Русија никому не му се заканува, туку само го одржува одбранбениот капацитет, земајќи ја предвид ситуацијата, која ја опкружува таа држава.

Според него, изјавите дека Русија наводно сака да го милитаризира Арктикот не се вистинити и тие напротив не гледаат никаква причина, која би барала зголемено внимание на НАТО.

Би можело да ве интересира

Лавров: Америка ги премина сите граници на пристојност

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лавров рече дека Русија се обидела да ја запре војната, публиката му се изнасмеа

Ана Ололовска

Лавров: Американските власти признаваат дека стојат зад експлозиите на Северен тек

Бугаринот Стојанов нуди 200 евра за името на македонски полицаец-Чак Норис е одговорот од Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Лавров: Сакаме крај на војната

Лавров: Полска и балтичките земји би можеле да ги прекинат сите контакти со Русија

А1он