Русија го возвраќа ударот: Десетмина американски дипломати ќе мораат да ги пакуваат куферите

Од:

Русија ќе протера десет американски дипломати од земјата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

-Руската Федерација денеска ќе објави имиња на осум американски официјални лица вклучени во рускиот список за санкции. Русија, исто така, ќе предложи 10 американски дипломати да ја напуштат Москва, рече шефот на руската дипломатија.

Руската Федерација, исто така, ја почна постапка за прекинување на праксата за вработување руски државјани и државјани од трети земји да работат во американските дипломатски мисии во земјата, додаде тој.

-Руската Федерација реагираше позитивно на идејата за самит со САД и во моментов ги разгледува аспектите од таквата средба, рече министерот Лавров.

Според него, американските обвинувања за наводни плаќања од Руската Федерација до Талибанците за убиства на американски војници се „шпекулации и фобии“.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија