Лавров: Русија и Арапската лига предлагаат посредништво за завршување на кризата во Сирија

Од:

Русија и Арапската лига предлагаат да бидат посредници во преговорите меѓу сириската влада и опозицијата, за да се заврши двегодишната граѓанска војна во Сирија, денеска соопшти рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по руско-арапската средба на министерско ниво, што се оддржа во Москва, пренесоа светските агенции.

Според него, претседателот Башар ал Асад и неговите опоненти треба „да седнат на преговарачката маса“ и да го прекинат ова „взаемно уништување“.

Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Муалем во понедленик ќе допатува во Москва, на чело на сириска делегација, а во март се очекува посета на Русија и на шефот на Сириската национална коалиција Ахмад Муаз ал Хатиб, додаде Лавров.

Тој подвлече дека Русија „ќе зборува отворено и со едините и со другите“, за да создаде услови за почеток на директен дијалог.

Генералниот секретар на Арапската лига, Набил ал Араби, изјави дека арапскиот свет се залага за побрз прекин на насилството и крвопролевањето во Сирија. Тој посочи дека сега е најважно да почне преоден процес и да се состави преодна влада, а истовремено призна дека тоа не е лесна задача.

На денешната руско-арапска средба беше разгледана ситуацијата на Блискиот исток и северна Африка и заедничките активности меѓу Русија и Арапската лига за клучните прашања, што се појавени во овие региони.

Резултатите од разговорите се срочени во два документа: заедничка декларација и заеднички Акциски план.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети