Лавров: Преговори со Украина за воена неутралност

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека руско-украинските преговори продолжуваат за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на нејзината демилитаризација.

„Продолжуваат преговорите за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на безбедносни гаранции за сите учесници во процесот, во контекст на демилитаризацијата на Украина, за да нема закани за Русија од нејзината територија и во контекст на прекинување на политика за нацификација на земјата“, рече Лавров по средбата со иранскиот колега Амир Абдолахиан во Москва.

Министерот за надворешни работи на Иран изјави дека вчера имал телефонски разговор со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба, кој, како што рече, побарал од него да му ја пренесе на Лавров пораката дека Украина е за прекин на војната и за концентрација на политичките прашања. Тој, исто така, изјави дека Кулеба рекол дека Украина е подготвена да ги продолжи преговорите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски