Лавров: Повикот на Зеленски за напади врз Русија само ја потврди неопходноста на специјалната воена операција

Од:

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за превентивен напад врз Русија „ја потврдува заканата од Киев и неопходноста на специјалната воена операција“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Вчера, Зеленски ги повика своите западни господари да извршат превентивен нуклеарен напад врз Русија. На тој начин, предметната фигура суштински му презентираше на целиот свет очигледни докази за заканите од режимот во Киев, заради што беше покрената специјалната воена операција“, изјави шефот на руската дипломатија на состанокот на претставниците на владејачката партија „Единствена Русија“.

Украинскиот претседател на вчерашната дискусијата со австралискиот тинк-тенк „Lowy Institute“ рече дека НАТО треба да изврши напади врз Русија за да спречи каква било употреба на нуклеарно оружје. Зеленски не ппрецизираше какви напади има предвид.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина