Лавров: Пентагон се заканува со атентат на Путин

Од:

Изјавите на анонимни функционери на Пентагон за напад што ќе го „обезглави Кремљ“ всушност се закани за обид за атентат врз претседателот на Русија.

Ова го изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за ТАСС.

„Вашингтон го презема водството во ова, бидејќи некои анонимни функционери од Пентагон всушност се закануваат дека ќе извршат напад врз Кремљ, што всушност е закана за атентат на рускиот претседател“, рече Лавров.

Тој исто така предупреди дека „ако некој навистина размислува за такви идеи“, мора да биде свесен за „можните последици од таквите планови“.

Шефот на руската дипломатија во интервју за ТАСС потсети и на бројните сигнали од Западот во врска со конфронтацијата која би била поврзана со нуклеарната сфера и изјави дека поранешната британска премиерка Лиз Трас е еден од тие примери, со нејзината изјава за време на изборите кога како што истакна Лавров, таа рече дека е подготвена да нареди нуклеарен напад.

Лавров рече и дека САД и нивните сојузници во НАТО се обидуваат да ја поразат Русија на бојното поле за да ја уништат.

Би можело да ве интересира

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Лавров: Предлогот на Кина за прекин на војната во Украина е најразумен досега

Горан Наумовски

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он