Лавров: Оваа ситуација ќе ги зајакне односите меѓу Русија и Кина

Од:

Односите меѓу Русија и Кина ќе се зајакнат како резултат на актуелната политичка ситуација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Во време кога Западот јасно ги поткопува сите основи на кои се заснова меѓународниот систем, се разбира дека ние – како две големи сили – мораме да размислуваме како да продолжиме“ – изјави Лавров пренесе руската агенција Интерфакс.

Во телефонскиот разговор во петокот, американскиот претседател Џо Бајден го предупреди кинескиот лидер Си Џинпинг за „импликации и последици“ за Кина доколку Пекинг ја поддржи Русија во војната, соопшти Белата куќа.

Кинеските државни медиуми објавија дека Кси ја опишал војната како „ничиј интерес“, но не се споменува директна критика на претседателот Путин.

Според неколку неодамнешни медиумски извештаи, Русија побарала од Кина воена опрема за да ја поддржи нејзината инвазија на Украина.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков