Лавров: Нема оправдување да не се направи повеќе во борбата против Исламската држава

Од:

Нема оправдување меѓународните сили да не направат повеќе за борбата против Исламската држава и групи како неа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Нема оправдување за терористичките акти и нема оправдување за нас да не направиме повеќе за да ги победиме Исламска држава, Ал Нусра и сличните такви групи, рече Лавров во Виена, каде што разговараше со државниот секретар на САД Џон Кери и специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура.

– Разговаравме настаните во Париз, кои следеа по терористичките напади во Бејрут и Ирак. Едногласни сме дека овие акти се неприфатливи на нашата планета, рече Кери по средбата со Лавров во виенскиот хотелот „Империјал“, пренесе ТАСС.

Кери се сретна со рускиот колега пред меѓународните преговори за Сирија во Виена.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека нападите во Париз придаваат друго значење на виенската средба.

Нашата средба во Виена денеска добива друга смисла во овој тажен ден, рече Могерини, пред почетокот на преговорите.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска