Лавров: Нема мирно решавање на сириската криза без Асад

Од:

Нападите во Париз на Западот му помогнаа да сфати дека приоритет во Сирија е борбата против Исламска држава, а не соборувањето на претседателот Башар ал-Асад, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров, како што пренесува Танјуг, го повторил ставот на Москва дека сириската криза не може да се реши на мирен начин без Асад, кој ги претставува интересите на значаен дел од сириското општество.

-Не се остварија сите прогнози на нашите западни и други колеги дека народот ќе се крене во знак на револт и ќе  го собори Асад. Тоа само значи дека Асад ги претставува интересите на мнозинството од сириското општество и затоа мирното решение без неговата улога не може да биде најдено, нагласи Лавров, а пренесе ТАСС.

Лавров наведе и дека обидите на НАТО да ги засили своите сили во близина на руските граници се „евтин трик“.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија