Лавров: НАТО треба да го направи првиот чекор

Од:

Москва тргнува од премисата дека НАТО треба да го направи првиот чекор кон нормализација на односите со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Да, тргнуваме од тоа, бидејќи никогаш први не сме ги влошуваме односите ниту со НАТО. ниту со ЕУ, одговори Лавров на прашањето дали Москва верува дека НАТО е тој што треба да го направи првиот чекор кон нормализација во сегашната ситуација.

Според него, историјата на влошување на односите меѓу Москва и Алијансата започнала кога тогашниот грузиски претседател Михаил Саакашвили „издал злосторничка наредба за напад врз градот Цхинвали“ во 2008 година. Тогаш, потсети Лавров, Русија инсистираше да се свика Совет Русија-НАТО за да се разгледа оваа ситуација, но американскиот државен секретар (во тоа време Кондолиза Рајс) категорично одбила.

– При создавањето на Советот Русија-НАТО во Основачкиот акт е нагласено дека мора да дејствува во секое време, истакна шефот на руската дипломатија.

Тој додаде дека НАТО ја погреба идејата за консултации со Русија.

– Што се однесува до НАТО, веќе кажав како се започна и како членките на НАТО едноставно го „погребаа“ главното правило кое е основа за создавање на Советот Русија-НАТО, односно потребата за итни консултации во кризни ситуации и тоа, генерално, продолжува. Тука не може да се бара логика. Истото се однесува и на оценките кои се слушаат од главните градови на НАТО за нашиот принуден реципрочен чекор. Еден реципрочен чекор за трите чекори на НАТО, констатира Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи вчера изјави дека Москва од 1 ноември ќе ја прекине работата на својата постојана мисија во НАТО, како и на главниот воен претставник, како одговор на одземањето на акредитациите за осум соработници на руската мисија во Алијанса.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски