Лавров: Наскоро нови разговори за судирите во Сирија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека наскоро ќе има разговори „во проширен формат“ за сирискиот судир и обвини дека „некои“ се обидуваат да ги избегнат преговорите.

Лавров изјави дека „листата играчи се обидуваат да пронајдат заеднички јазик за судирот во кој се убиени 250.000 луѓе“ и чија бројка порасна по разговорот минатиот месец во Виена, пренесува Танјуг.

– Ќе се одржи уште еден состанок во блиска иднина со околу 20 земји и организации, најави Лавров на прес-конференцијата во главниот град на Ерменија.

Лавров додаде дека нема никаков напредок во разговорите поради тоа што некои земји се обидуваат да ја избегнат неопходната работа и самите разговори.

– Многумина од нашите партнери и понатаму се обидуваат да ја избегнат конкретната работа, разговорите и да ги ограничат прашањата, со некои апстрактни повици за неопходна отставка на претседателот Асад, прече Лавров, предупредувајќи дека ваквиот начин на работа нема да донесе резултати.

Вашингот минатата недела ја предупреди Москава дека е против користењето на авијација да се помогне на режимот на Асад за политичката транзиција на Сирија.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија