Лавров: Москва предложи Путин и Бајден да разговараат за контролата на оружјето

Од:

Москва предложи да се разговара за контролата на оружјето и безбедносните прашања на евентуалната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров рече дека Москва сè уште чека одговор од Вашингтон за предложениот самит на двајцата лидери.

Амбасадорот на САД за разоружување Роберт Вуд рече дека подготовките за разговори меѓу двајцата лидери се во тек.

„Бајден и Путин се согласија да се разгледаат разговорите за стратешка стабилност за контролата на оружјето и безбедносните прашања“, рече тој на виртуелната конференција за разоружување на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија