Лавров: Иран е подготвен да се договори да го запре збогатувањето ураниум до 20 отсто

Од:

Иран ја потврдува својата подготвеност уште сега да се спогоди да го прекрати збогатувањето ураниум до 20 проценти и тоа претпоставува шестте светски сили да преземат соодветни чекори, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервјуза кувајтска агенција, цитирано од руските медиуми.

Според Лавров, за прв пат по многугодини се појавуваат „надежни знаци“ за иднината на иранската нуклеарна програма.

Тој забележува дека во тоа несомнено важна улога одиграле принципите за етапност и взаемност предложени од „шесторката“ (петте постојани членки на СБ на ОН – САД, Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција плус Германија).

Според првиот руски дипломат, овие принципи пред Иран ја отвориле перспективата за намалување и укинување на меѓународните санкции во замена за соработката со меѓународната заедница.

-Без да се впуштаме во детали, Иранците го потврдуваат главното, а тоа е подготвеноста уште во сегашната етапа да се договорат за прекратување на збогатувањето ураниум до 20 проценти, кажа Лавров.

Според него на оваа конструктивна промена во позицијата на Техеран меѓународната заеднца треба да возврати со взаемност, вклучувајќи и преку етапното укинување на санкциите против Иран, наметнати од одделни земји и од Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов