Лавров идната недела во Вашингтон на средба со Помпео

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров следната недела ќе го посети Вашингтон за да се сретне со државниот секретар Мајк Помпео, соопштија американски официјални претставници.

Помпео ќе биде домаќин на Лавров во вторник, а се очекува заедничка прес-конференција по разговорите, соопштија двајца неименувани официјални лица.

Не е познато дали Лавров за време на патувањето планирал други состаноци. Официјалните лица сакаа да останат анонимни затоа што не беа овластени јавно да зборуваат за планираната средба.

Извори велат дека Помпео и Лавров ќе разговараат за контролата на оружјето, ситуацијата во Украина и Сирија и други прашања околу тензичните односи меѓу САД и Русија.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел