Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека се договорил со новиот американски државен секретар Џон Кери што е можно поскоро да одржат средба.
Лавров, кој е во посета на Брисел изјави дека во телефонски разговор вчера со Кери се договориле да се „сретнат некаде“.
– Русија и САД се уверени дека треба да се искористи шансата, која може да се отвори со преговорите меѓу Владата и опозицијата во Сирија, рече Лавров.
Портпаролот на Стејт департментот Викторија Њуланд изјави вчера дека Кери и Лавров разговарале за ситуацијата во Сирија и за работата на Советот за безбедност на Обединетите нации за подготовката на соодветни мерки против Северна Коеја како одговор на нуклеарната проба, која ја изврши минатата недела.