Лавина во Австрија, десет луѓе затрупани во снег

Од:

Ллавина денеска затрупа околу десет лица во ски-центар во Австрија, иако нивниот точен број не е познат, јавува австриската новинска агенција АПА. Едно лице е спасено. Лавината започна околу 15 часот во реонот на врвот Триткопф, висок 2.700 метри, во скијачката област Лех и Зурс во провинцијата Форарлберг.

На местото на несреќата веднаш се испратени неколку хеликоптери со спасувачки екипи. „Правиме се што е можно за да ги спасиме луѓето“, се вели во соопштението на општината Лех.

Во потрагата учествуваат повеќе од 200 луѓе. Спасувачката операција продолжува и по стемнување, но употребата на неколку хеликоптери е прекината. Спасувачите побарале шлемови со монтирани светилки за да продолжат со потрагата по жртвите во вечерните часови, објави АПА.

Во текот на неделата експертите предупредија на можна појава на лавини во австриските планини.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче