Латвија и НАТО со порака на единство една недела пред лидерскиот самит

Од:

Генералниот секретар на НАТО денеска го прими претседателот на Латвија во седиштето на Алијансата, двајцата инсистираа на важноста на трансатлантската соработка.

Средбата се одржува десет дена пред лидерскиот самит на НАТО Алијансата и неколку недели по интервјуто на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој го доведе во прашање постоењето на НАТО, неговите начела и принципот на солидарност помеѓу земјите сојузнички. Макрон изрази сомнеж дека НАТО сѐ уште може да смета на САД и повика на создавање сопствена европска одбрана.

Претседателот на Латвија, Егилс Левиц, на прес конференцијата со Јенс Столтенберг, инсистираше на важноста од соработката со САД и со НАТО за неговата земја и земјите од балтичкиот регион.

-НАТО е клучен елемент на одбранбената и надворешната политика на Латвија, НАТО ги обединува земјите со истите основни вредности, и треба да бидеме подготвени тие вредности да ги браниме, вклучително и со воени средства, изјави попладнево претседателот на Латвија.

Генералниот секретар на Алијансата потсети дека Латвија е меѓу земјите членки кои си ја исполнуваат обврската за одвојување на два отсто од БДП за одбраната. Американските администрации конзистентно бараат од нивните сојузници во Алијансата да се усогласат со оваа обврска за која се согласија заеднички сите земји членки на НАТО.

-Трансатлантското единство е темел на НАТО и не треба да се доведува во прашање, ние поддржуваме зајакнување на воениот капацитет на ЕУ, но целосно интегриран во системот на НАТО, и секако европските членки на НАТО треба да го зголемат својот придонес, горд сум што Латвија си ја исполнува обврската од два отсто, изјави претседателот Левиц.

На четврти декември во Лондон 29-те сојузнички на НАТО, наскоро 30 со Северна Македонија, ќе се сретнат за да дискутираат за големите предизвици во делот на безбедноста и да се обидат да ги испеглаат разликите во пристапот, посебно по изјавите на Макрон.

На самитот ќе се зборува и за модернизацијата на Алијансата, хибридните закани, воведувањето на вселената како оперативен домен за НАТО, како и за безбедносните предизвици од Кина, вклучително и инфраструктурните прашања како мрежата 5Г, и односите со Русија.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски