Лапид: Можен е договор за нормализација на односите со Саудиска Арабија

Од:

Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид синоќа најави евентуален договор за нормализација на односите со Саудиска Арабија.

– Постигнувањето на договор за нормализација на односите помеѓу Израел и Саудиска Арабија ќе биде долг и внимателен процес, но Израел верува дека тоа може да се случи, истакна Лапид.

– Официјален Ријад претходно ја услови секоја евентуална нормализација со Израел со решавање на палестинската борба за државност на територијата окупирана од Израел во војната на Блискиот Исток во 1967 година.

Во 2020 година Израел, со посредство на САД, потпиша договори со четири муслимански држави (Обединети Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан), Тел Авив се надева дека ќе воспостави дипломатски односи со Саудиска Арабија.

Договорот за нормализација што САД и Израел го склучуваат со исламските земји се нарекува „Аврамски договор“ затоа што библиската личност Авраам се смета за татко на три главни монотеистички религии: јудаизмот, христијанството и исламот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел