Лапид: Израел наскоро ќе стане важен снабдувач на гас за Европа

Од:

Израел в четврток ќе потпише договор за поморската граница со Либан и ќе стане важен снабдувач на гас за Европа во блиска иднина, изјави израелскиот премиер Јаир Лапид во Ерусалим.

Потпишувањето на историскиот договор, постигнат со посредство на САД, ќе ја отвори вратата за експлоатација на гасни полиња во источниот Медитеран, рече Лапид на денешната средба со холандскиот премиер Марк Руте.

Медиумите најавуваат дека договорот ќе биде потпишан во Накура, град во јужниот дел на Либан во близина на границата со Израел, каде што се наоѓа привремената база на ОН (УНИФИЛ).

Лидерот на израелската опозиција Бенјамин Нетанјаху, ривалот на Лапид на парламентарните избори закажани за 1 ноември, го критикуваше договорот со Либан и рече дека документот треба да биде изгласан од Парламентот или народот на Израел треба да го каже своето мислење на референдум.

Неколку десничарски организации поднесоа четири претставки до Врховниот суд на Израел против договорот, тврдејќи, меѓу другото, дека му е потребно одобрение од Парламентот за да стапи во сила. Судиите на највисокиот израелски суд вчера едногласно ги отфрлија претставките, наведувајќи дека не е потребно парламентарно зелено светло, туку само одобрение од Владата.

Израел и Либан, двете соседни земји кои официјално се во војна, по интензивните индиректни преговори со посредство на САД објавија дека постигнале договор за поморската граница, со што се отстранети пречките за експлоатација на наоѓалишта на гас.

Според договорот, гасното поле Кариш во целост се наоѓа во израелски води. Либан ќе ги има сите права за експлоатација на полето Кана, чиј дел е во израелските води, за што Израел ќе добие компензација.

Почетокот на експлоатација на гас во полето Кариш ќе му овозможи на Израел да го зголеми производството на гас и неговата испорака преку гасоводот до Египет, како и транспорт со брод до Европа.

Израел моментално ги експлоатира полињата Тамар и Левијатан во источниот Медитеран и посочи дека наскоро сака да започне со производство на полето Кариш.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел