Ламерт: Да прекине проширувањето на ЕУ

Од:

Претседателот на германскиот сојузен парламент Норbерт Ламерт во интервју за весникот „Velt am zontag“, се изјасни за прекин на ширењето на Европската унија, и оцени дека ниту Хрватска не е зрела за влез во унијата.

„По искуството со Бугарија и Романија, мораме сериозно да го сфатиме најновиот извештај на ЕК за напредокот. Хрватска очигледно не е зрела за ЕУ“, изјави Ламерт.

Ламерт бил децеиден дека во скора иднина ЕУ нема да биде способна за натамошно проширување.

„Имаме многу задачи околу консолидацијата на ЕУ, и не би требало да дозволиме амбициите за проширување да го отстапат местото на неопходната стабилизација“, изјави Ламерт, кој доаѓа од Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени