Лам: Хонг Конг може да го задржи посебниот статус и по 2047 година

Од:

Хонг Конг може да ги задржи придобивките што доаѓаат во рамки на „една земја, два система“ што ги има со Кина и по истекот во 2047 година, но само ако ја задржи верноста кон Пекинг, изјави денеска премиерката на Хонг Конг, Кери Лам.

Кога Британците го вратија Хонг Конг на Кина во 1997 година, по 150 години колонијално владеење, Хонг Конг стана посебна административна територија на Кина, со кинеска гаранција дека ќе го задржи својот капиталистички економски систем за 50 години.

Во Хонг Конг со месеци се одржуваа протести поради незадоволство околу предлог-законот за екстрадиција на Кина, кој подоцна беше отфрлен.

Лам се осврна на неодамнешното насилство и повика на поддршка за Владата.

– Хонг Конг може повторно да отплови, рече таа на кантонски, нагласувајќи ја заложбата на Владата да го заштити владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

Хонгконшки граѓани сами произведуваат хируршки маски

Ана Ололовска

Разбојници украле 600 ролни тоалетна хартија во Хонг Конг

Ана Ололовска

Протести во Хонг Конг поради новите мерки на Пекинг

Предраг Петровиќ

Училиштата во Хонг Конг затворени до 16 март поради коронавирусот

Ана Ололовска

Хонг Конг воведува задолжителен карантин за сите што доаѓаат од Кина

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Паника во Хонг Конг: Се граба по маркетите што ќе се стигне

Драган Поповски