Лајен: ЕУ „итнo интервенира“ да се стават под контрола цените на електричната енергија

Од:

Европска Унија работи на „итна интервенција“ за да се стават под контрола цените на електричната енергија, што се зголемија поради руската инвазија врз Украина, изјави денеска претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Растечките цени на електричната енергија сега наметнуваат ограничувањата на нашиот пазар на електрична енергија, истакна Лајен на стратешкиот форум во словенечкиот град Блед.

Таа додаде дека актуелниот пазар за електрична енергија развиен е во различни околности од сегашните.

– Затоа сега работиме на итна интервенција и структурна реформа на пазарот на електрична енергија, наведе Лајен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невидено е што Европа молчи на заканите, а Бугарија ја користи ЕУ за бугаризација на Македонија

ЕУ сака да формира обвинителство кое ќе собира докази за руските злосторства

А1он

ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија

А1он

ЕУ бара од Босна и Херцеговина да воведе визи за граѓаните на Русија

А1он

(ВИДЕО) Новите сметки донесоа гнев – зошто повеќе пари за пренос отколку за потрошена струја?

Борел ја осуди руската одлука за затворање на „Московската Хелсиншка група“

Ана Ололовска