Лабуристите во изборната кампања ветија национализација на британскиот телеком

Од:

Британската опозициска Лабуристичка партија вети, доколку победи на предвремените парламентарни избори на 12 декември, дека ќе ја национализира мрежата на фиксната линија на националниот телеком за да може секој да добие бесплатен пристап до широкопојасен интернет преку оптички кабли.

Најавата на лабуристите предизвика опаѓање на акциите на британскиот Телеком за 3,7 отсто.

За спроведување на овој план, ќе биде потребно набрзина да се надополни Интернет-инфраструктурата на Велика Британија, а трошоците ќе бидат покриени со зголемувањето на даноците за технолошките компании, како што е „Алфабет“. „Гугл“, „Амазон“ и „Фејсбук“ и од Зелениот фонд за трансформација на економијата, велат од партијата.

Лабуристите најавија национализација на Openreach, дигиталната мрежа на најголемиот мобилен оператор, како и делови од Бритиш телеком технолоџи (BT Technology), БТ Ентерпрајз (BT Enterprise) и БТ Консјумер (BT Consumer).

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он