Лабуристичката партија нема да го поддржи договорот за Брегзит

Од:

Лабуристичката партија ќе ги отфрли промените договорени со ЕУ за договорот за Брегзит, за кој денеска ќе се гласа во британскиот Парламент.

Британската премиерка Тереза Меј синоќа во разговор со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер успеа да обезбеди „правно обврзувачки“ промени во нејзиниот договор за Брегзит, во последниот обид да добие поддршка од британските пратеници кои се заканија дека повторно ќе го отфрлат договорот. Правно обврзувачкиот договор всушност е додаток на претходно постигнатиот договор меѓу Меј и ЕУ минатата година и предвидува заштитен механизам со кој се гарантира дека границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска ќе остане отворена и по излезот на Британија од ЕУ.

Лидерот на главната британска опозициска партија, Џереми Корбин, истакна дека гаранциите на премиерката Меј во нејзиниот договор за Брегзит не се ни близу до промените што ги вети на пратениците.

„Преговорите на премиерката не успеаја. Договорот постигнат вчера со Европската комисија не содржи ништо од промените кои Тереза Меј ги вети на Парламентот. Поради тоа, пратениците денеска треба да го отфрлат договорот“, напиша Корбин на Твитер.

Доколку пратениците повторно го отфрлат текстот, тогаш постојат две можности или Велика Британија да ја напушти Унијата на предвидениот датум без Договор, што би можело да предизвика потреси во самата земја, но и во ЕУ, или пак Меј да побара одлагање на Брегзитот со цел да добие дополнително време за усогласување на условите за „разводот“ меѓу двете страни.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он