Кувајт: Извештаите за повлекување на американските сили од државата се неточни, медиумот бил хакиран

Од:

Кувајтската Влада соопшти денеска дека државната агенција „Куна“ била хакирана и поради тоа бил објавен неточен извештај дека американските сили во Кувајт ќе се повлечат.

Тарек ал-Музарем шеф на валдиниот оддел за комуникации со јавност објави на „Твитер“ дека изјвештајот на агенцијата „Куна“ е неточен и дека медиумот бил хакиран. И од државната новинска агенција објавија дека веста за повлекување на американските сили не е точна и дека тоа е поради компјутерски упад во системот на медиумот.

Засега не е објавено кој стои зад нападот.

Во извештајот на „Куна“ беше наведено дека министерот за одбрана на Кувајт  добил писмо од командантот на воениот камп на САД во Кувајт „во кое се најавува повлекување на сите американски воени сили за три дена“.

САД се посветени на безбедноста на сојузникот Кувајт, соопшти американската Амбасада во Кувајт.

„Тоа не се смени и нема да се промени. Американската Амбасада во Кувајт продолжува да работи нормално“, велат од Амбасадата.

Би можело да ве интересира

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

ЕУ: Кувајт покажува напредок во областа на женските права

А1он

Амбасадорот на Кувајт повикан на консултации во ЕУ

А1он

Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година

А1он

Втори парламентарни избори во Кувајт за две години