Кушнер: Подготвен сум да соработувам со Абас

Од:

Високиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер изјави дека е подготвен да соработува со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

„Подготвен сум да соработувам со претседателот Абас, ако тој сака“, е насловот на интервјуто на Кушнер за палестинскиот весник „Ал Кудс“.

Кушнер во интервјуто објавено на арапски јазик упати директна порака до Палестинците.

– Заслужувате да имате светла иднина, сега е време и Израелците и Палестинците да го зајакнат своето раководство и повторно да се фокусираат кон изнаоѓање на решение, а не да се плашат од обиди, истакна Кушнер кој е сопруг на ќерката на Трамп, Иванка.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски