Курц: Со милион дози Спутник V, можеме побрзо да се вратиме во нормала

Од:

Австрија во борбата против коронавирусот е се поблиску до склучување договор за набавка на руската вакцина Спутник V.

На тоа укажува и денешната објава на австрискиот канцелар Себастијан Курц на социјалните мрежи.

– Со милион дози на Спутник V би можеле побрзо да се вратиме во нормала, напиша Курц на својот фејсбук-профил.

Иако Европската агенција за лекови (ЕМА) се уште нема дадено одобрување за руската вакцина, Австрија очевидно одлучила да започне билатерална набавка.

Во Виена вчера е потврдено дека се размислува за набавка на еден милион вакцини Спутник В, а првите пратки би можеле да пристигнат следниот месец.

Курц претходно порача дека е единствено важно во оваа борба вакцината да биде ефикасна и безбедна, а не каде е произведена.

Тој за денеска најави средба со рускиот амбасадор во Австрија, Дмитриј Љубински.

Би можело да ве интересира

Непал тврди дека има контрола врз епидемијата, но очигледно е дека нема

Жарко Настоски

Белград ќе организира концерт-експеримент, за да се разјасни како се шири вирусот

Жарко Настоски

Берлускони повторно хоспитализиран

Ана Ололовска

СЗО: Последица од пандемијата може да биде зголемена телесна тежина кај децата

Ана Ололовска

Индија: Рекорден седумдневен просек на новозаразени

Ана Ололовска

Студија: Кај нехоспитализираните ризикот е помал од долгорочни последици од Ковид-19

Ана Ололовска