Курц: Следната недела се очекува 10.000 лица да бидат заразени со новиот коронавирус во Австрија

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави дека за една недела се очекува бројот на заразени со новиот коронавирус во Австрија да надмине 10.000 луѓе.

Тој во обраќањето пред Долниот дом на австрискиот Парламент наведе дека во моментот има над 300 инфицирани лица, а за неколку дена ќе биде надмината границата од илјада, а за една седмица ќе се искачи и над 10.000 лица.

Курц посочи дека Владата презела драстични мерки со цел врвот на инфекцијата со новиот коронавирус да се одложи за по сезоната на грип на тој начин да се спасат животите на повозрасните граѓани.

Австрискиот канцелар наведе дека е суспендирана наставата на универзитетите, во училиштата, но има и забрана за големи манифестации.

Би можело да ве интересира

Во Грција од утре не мора да се носат маски на отворено

Жарко Настоски

Европа цело лето ќе нема дерман од индискиот сој на коронавирусот, предвидува агенција на ЕУ

Жарко Настоски

Меркел бара цела Европа да ја изолира Британија поради индискиот сој на коронавирусот

Жарко Настоски

Фаучи: Делта сојот најголема закана за напорите на САД за искоренување на Ковид-19

Ана Ололовска

Виена планира вакцина-парти за младите

Ана Ололовска

Британија е во карантин, а ќе дозволи по 60.000 гледачи на завршницата на ЕП во Лондон

Жарко Настоски