Курц се врати на власт, по сто дена состави нова влада

Од:

Новата австриска влада на канцеларот Себастијан Курц, составена од австриската народна партија (ОВП) и Зелените, денеска положи заклетва и стапи на должност.

Точно 100 дена по предвремените парламентарни избори, Австрија доби нова влада од која, како што рече претседателот Александар ван дер Белен, граѓаните имаат големи очекувања.

Настаните од мај до денес, од аферата со корупција „Ибица“ и падот на владата, според Ван дер Белен, покажале дека демократијата во Австрија е жива и има моќ за обновување. Тој истакна дека очекува новата влада да работи одговорно во корист на земјата и ги повика членовите да останат во дијалог со сите партии и граѓанското општество.

Канцеларот Курц, кој вторпат ја предводи владата, е повторно најмладиот државник во светот.

Ова е инаку влада со најголем процент жени, односно повеќе од 53 проценти од вкупниот број на министри се жени.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена