Курц се повлекува од политиката

Од:

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми.

Курц денеска излезе пред новинарите и најави оставка и од раководството на партијата.

„Ако погледнете наназад во вашиот живот и пред сè се чувствувате благодарни, можете да се сметате себеси за многу среќни“, рече Курц.

Тој изрази надеж дека го одработил својот дел да ја придвижи, како што кажа, убавата Австрија барем малку во вистинската насока.

Како и да е, секогаш давав сè од себе, рече Курц.

Додаде дека има чувство дека го прогонувале, но дека тоа секогаш го мотивирало него и неговиот тим да бидат што подобри.

„Мојот тим и јас работевме речиси деноноќно во последните 10 години“, нагласи Курц.

„Го занемарив сопственото семејство“, истакна тој.

„Кога се роди мојот син, станав повеќе свесен за тоа колку убави и важни работи има надвор од политиката“, рече Курц.

„Треба да бидете 100 отсто ентузијасти за политика, а јас бев тоа во последните 10 години. Меѓутоа, во последните неколку месеци, недели и денови, страста за политиката спласна односно пламенот се намали“, кажа тој.

На крајот, неговиот секојдневен политички живот главно се свел на бранење од обвинувања, се пожали поранешниот канцелар.

„Јас не сум ниту светец, ниту злосторник“, рече Курц.

Тој поднесе оставка од функцијата канцелар во октомври, откако обвинителството го стави под истрага под сомнение за корупција. Сè уште е партиски лидер и пратеник.

Таблоидот „Кронен цајтунг“ денеска прв објави дека Курц планира да се повлече од лидерската функција во партијата ОВП. Тие тврдат дека причина за ваквата одлука е неодамнешното раѓање на неговото прво дете.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена