Курц се налути – австриски политичари се вакцинирале преку ред

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска упати остри критики до неколкумина локални политичари кои се вакцинирале против Ковид-19, и покрај тоа што не припаѓале во приоритетните групи.

– За мене е целосно неприфатливо некој да се вакцинира преку ред. Тоа од морална гледна точка е нешто многу разочарувачко, истакна Курц.

Тој реагираше на информациите дека повеќе пониско рангирани политичари, главно градоначалници, во некои делови на Австрија се вакцинирале преку ред, откако при имунизацијата на персоналот во домовите за стари и изнемоштени лица останале неискористени вакцини.

– Кога ќе останат вакцини, важно е тие веднаш да се искористат, но за вакцинирање на повозрасни лица, а не на политичари, нивните сопруги и локални познати личности, нагласи австрискиот канцелар.

Скандалот изби откако докторка во градот Фелдкирх, во сојузната покраина Варалберг, одбила да вакцинира локален градоначалник укажувајќи му дека по ниту еден критериум не е на ред за вакцинирање.

– Му кажавме дека не е на ред за вакцинирање и дека тоа може да го направи во последната фаза, кога ќе бидат на ред политичарите, истакна докторката.

Во Австрија досега се вакцинирани само 1,4 отсто од населението, што е помалку од планираното.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче